Ирена Стефоска е избрана за министерка за култура во новата Влада на земјава, каде доаѓа од позицијата пратеничка во Собранието.
Таа е доктор на историски науки и досегашна претседателка на собраниската Комисија за култура. Родена на 16.9.1967 година во Скопје.
Нејзини досегашни активности во Собранието биле:
- Комисија за култура, претседател
- Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
- Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
- Комисија за еднакви можности на жените и мажите, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Грција, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Финска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шпанија, член
- Клуб на пратенички, член на претседателство
Стефоска во јавноста беше позната и по тоа што на работното место во Собранието доаѓаше со велосипед.