-На 1 септември го распишавме првиот јавен повик од новата ИПАРД 3 програма кој се однесува за мерките 1 и 7 и на располагање ги ставивме првите 30 милиони евра, од вкупноте 97 милиони евра кои ги имаме на располагање за инвестциии со новата ИПАРД 3 програма, посочи вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во дневникот на Сител.
Инвестиции во модернизација на земјоделството преку набавка на опрема, инвестици во развојот на руралниот туризам се само дел од можностите кои ги нуди ИПАРД 3.
Една од новостите е авансната исплата до 50% веднаш по потпишувањето на договорот што е олеснително за сите корисници. За младите земјоделци кои сакаат да аплицираат на овој јавен повик од ИПАРД 3 програмата има предвидено и поголем процент во добивањето на финасиската поддршка, па поддршката за кофинасирање достигнува и до 70% од вредноста на инвестицијата, како мотив и поддршка за младите.
Искористеноста од 98% во ИПАРД 2 и потпишаните 2.369 договори се јасен мотив да веруваме дека ИПАРД 3 ќе биде уште една успешна приказна, потенцира Николовски.