Интервју на Николовски за „Капитал“: Конечно реформа во системот на субвенции за повеќе храна

“Стариот систем за субвенционирање каде земјоделците добиваа субвенции без да прикажат доказ дека оствариле производство го заменуваме со нов т.н. decoupling систем каде земјоделците ќе мора да докажат дека имаат остварено и предадено производство. Во еден поорганизиран систем ги ставаме сите чинители, со зголемена контрола преку која ја намалуваме можноста за злоупотреби и сивата економија, систем кој гарантира поголемо производство на домашна храна. Новиот модел за субвенционирање кој го предлагаме не ја крати досегашната поддршка која ја добивале земјоделците, туку истата се прераспределува во повеќе програми за поддршка“.

314462263_667486108078562_7792463027711281743_n (1)

Светот денес веројатно се соочува со најголемата криза по Втората светска војна, покрај енергетската криза многу позначајна е кризата за храна. Министре, што може да очекуваат граѓаните, ќе има ли зимава доволни количини на храна?

Војната во Украина сите држави ги исправи пред голем предизвик, за тоа како да го заштитат и одржат домашното производство на храна и како да обезбедат доволни количини на храна за сите граѓани. Вакви глобални кризи бараат и глобален одговор. Токму ова беше и главното прашање на министерската конференција во Берлин каде учествуваа министри за земјоделство од целиот свет, но и на Г7 самитот. Анализите направени и од ФАО, велат дека светот може да заборави на евтината храна, а некој проценки одат до таму дека пикот на оваа криза за храна можеме да го почувствуваме за две години.

Сега е потребно здружување и јакнење на соработката помеѓу државите, бидејќи само заедно обединети можеме полесно да ја пребродиме кризата. Во таа насока беа потпишани и ревидираните протоколи на Договорот за слободна трговија помеѓу Северна Македонија и Украина, преку кои овозможуваме македонските земјоделски производи слободно и без царина да се извезуваат во Украина. Исто така пред неколку денови потпишавме Меморандум за разбирање, односно соработка во земјоделието со Владата на Хашемитското Кралство Јордан, што претставува прв меѓународен договор меѓу владите двете земји. Потпишувајќи го овој документ, создаваме основа за интензивирање на размената на прехранбени продукти и земјоделски производи, особено во делот на зголемување на извозот на овошје, зеленчук и јагнешко месо од Северна Македонија во Јордан. Во Рим пак потпишавме нова петгодишна Програмска рамка со ФАО за соработка со која постигнуваме две стратешки цели, а тоа се одржлив и инклузивен економски и социјален развој со фокус на малите земјоделски стопанства и управување со климатските активности. Иницијативата Отворен Балкан исто така е можност повеќе во оваа криза, преку потпишаните договори сите три држави членки овозможија слободна размена на стоки и услуги, односно она што нам како држава ни е потребно да можеме слободно да го земеме од Србија и Албанија и обратно она што ним им е потребно, а го имаме ние како држава да го насочиме кон Србија и Албанија.

Покрај оваа соработка, како држава уште повеќе ја засилуваме поддршката кон земјоделскиот сектор, а тоа се потврдува и со последниот ребаланс на буџетот за оваа година, каде се скрати од сите други министерства и парите беа насочени кон земјоделството. Над 3 милијарди денари се ставија на располагање за земјоделците, преку интервентните мерки за поддршка, но и за расчистување на заостанатите обврски кои ги имаше државата кон земјоделците.

Преку навремените мерки кои ги презедовме уште пред почетокот на кризата, но и со новиот модел кој го предлагаме за субвенционирање, правиме се да го стабилизираме домашното производство на храна, да обезбедиме поголем принос и да обезбедиме доволни количини на домашна храна. Ни претстои тежок период, но ние навремено презедовме мерки, истовремено ја следиме секој ден состојбата и заедно со земјоделците креираме мерки за поддршка. Граѓаните можат да бидат спокојни, храна ќе има. Леб, млеко, зејтин, брашно и сите основни производи ќе ги има. Токму во таа насока, Владата преку министерството за економија, преку конкретни мерки дава поддршка на компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи, во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи како и производители на јајца, да имаат фиксна цена на електрична енергија. Оваа цена на струја која што ќе ја обезбеди Владата ќе биде помала од 100 евра за мегават час, што е двојно пониска од цената на регулиран пазар. Во овој период потребно ни е заедништво, без лажни вести и креирање на паника кај граѓаните, без политика и обиди за собирање на политички поени, треба да сме заедно бидејќи оваа криза не распознава партиска или било каква друга припадност и само сплотени, можеме да ја надминеме со помала штета.

314900372_667487664745073_7477099299427227072_n

Како министерство креиравте Национален план за производство на храна, а формиравте и Интервентен фонд за поддршка на земјоделците. Дали започна имплементација на овој Национален план, какви се резултатите од неговото донесување, но и какви се резултатите од интервентните мерки за поддршка на земјоделците?

Токму така, навремено уште пред почетокот на кризата како министерство подготвивме Национален план за производство на храна, со конкретни мерки за поддршка на домашното производство на храна. Неговата имплементација започна веднаш по донесувањето, а видливи се веќе и резултатите. Националниот план за производство на храна го подготвивме заедно во соработка со земјоделците, преку разговори во потсекторските групи, со претставници на научната фела и Министерството за финансии.

Со Националниот план секоја педа слободно земјоделско земјиште ја ставивме на располагање. Распишавме седум јавни огласи, преку кои на земјоделците им понудивме над 13.000 хектари земјоделско земјиште. Огласите кои ги распишавме беа наменски за производство на житни култури, каде понудивме над 5.000 хектари земјоделско земјиште, како и за производство на сточна храна и подигнување на долгогодишни насади.

Она што ме радува е што за овие огласи бележиме досега рекорден интерес кај земјоделците, со склучени 1.944 договори за закуп на државно земјоделско земјиште. Тоа значи дека успавме во намерата да го зголемиме со нови обработливи површини домашното производство на храна, пред се на значајните житни култури, а на тој начин да се зголеми и приносот. Во насока на нашата цел, буквално секоја една педа обработлива земја да ја ставиме во функција, работиме и на концепт преку кој ќе создадеме услови и обработливото напуштено земјиште кое е во приватна сопственост, да го ставиме во функција. Како го замислуваме овој процес, така што преку евиденцијата на земјоделското земјиште она земјиште кое ќе биде утврдено како напуштено, а е во приватна сопственост, ќе биде лоцирано и потоа на сопственикот ќе му понудиме самиот да започне да го обработува своето земјиште, или пак со негова согласност, во негово име, државата преку јавен оглас да го даде под закуп и истото да се обработува. Вкупната бројка на напуштено земјоделско земјиште во приватна сопственост не е мала и достигнува бројка од над 90.000 хектари, што не е воопшто за занемарување и дополнително ќе помогне во насока да имаме поголема обработлива површина и поголем принос, пред се на значајни култури. Ова не значи дека ние приватното земјиште ќе го присвоиме од граѓаните, туку напротив партнерски нудиме неколку опции како истото да биде ставено во функција и да се обработува. Сопственикот на земјиштето кое е во приватна сопственост, а прифати истото да се даде под закуп, би добивал 80% од закупнината, додека 20% би биле за државата. За краток период добри резултати даде и поддршката кон земјоделците која ја обезбедивме преку Интервентниот фонд кој го креиравме. Најпрвин вкупната вредност на Интервентниот фонд со која започнавме беше 400 милиони денари, средства наменети за креирање на интервентни мерки за поддршка на земјоделците во услови на криза. Земјоделците, поради војната во Украина се соочуваа со недостаток и покачени цени за набавка на репроматеријали, токму затоа првата интервентна мерка беше да ги поддржиме земјоделците во набавката на вештачко ѓубриво за пченица, пченка, јачмен и сончоглед.

Преку интервентниот фонд обезбедивме до 40% поддршка при набавка на вештачко ѓубриво за производителите на житни култури, односно по 4.000 денари за пченица и пченка и 2.500 денари поддршка кај јачменот и сончогледот. Ваквата поддршка покрај тоа што влијаеше во намалувањето на трошоците за производство, влијаеше и во подобар квалитет на производот и поголем принос. Оваа интервентна мерка досега ја имаат искористено 6.815 земјоделци, со вкупна вредност на поддршка од 112,9 милиони денари. Задоволен сум што успеавме предвидениот брз систем за прибирање и исплата на апликациите да го реализираме без никаков проблем.

Овој брз систем предвидуваше исплата во рок од 7 дена, односно земјоделците апликациите ги подготвуваа во подрачните единици кои веднаш ги проследуваа до Платежната агенција, а тие веднаш вршеа проверки и доколку беа запазени критериумите се подготвуваше налог за исплата. Во интервентниот фонд креиравме и мерки за поддршка на сточарите, за јагне, гоеница и несилка, односно за предадено јагне и гоеница во регистрирани кланични капацитети и за несилки во одгледувалиштата кои се на возраст за производство на консумни јајца.

Оваа интервентна мерка ја искористиле вкупно 1.898 сточари, во вкупна вредност од 219,7 милиони денари. Бидејќи за краток период Интервентната програма даде резултат со ребалансот на буџетот за 2022 година истата ја дополнивме со нови 500 милиони денари, со што вкупниот интервентен фонд достигна 900 милиони денари, средства наменета за поддршка на секој еден земјоделец. Па така покрај поддршката за пролетната сеидба поддршка обезбедивме и за есенската сеидба. Интервентната програма ја дополнивме со нови мерки за набавка на вештачко ѓубриво за производство на јачмен и пченица, но и со мерки за поддршка на производителите на зелка и слива. Поддршка преку интервентниот фонд даваме и на млекопроизводителите за произведено и предадено млеко во регистрирани капацитети.

315478303_667488318078341_312372883955986357_n

Владата одржа тематска седница на која го презентиравте предлог новиот модел за субвенционирање во земјоделството, на заедничката прес-конференција со премиерот рековте дека ова е историски ден за земјоделците, која беше причината да се решите на ваква реформа и кој се очекуваните цели кои сакате со новиот модел на субвенционирање да ги постигнете?

Борбата како да обезбедиме стабилно домашно производство и доволно храна за сите граѓани, уште при подготовката на Националниот план за производство на храна, не мотивираше да го започнеме процесот на подготовка за реорганизација на системот за субвенционирање. Храбро пристапивме на ова прашање и направивме голем чекор кој ќе донесе развој и модернизација на македонското земјоделство и токму затоа велиме дека ова е историска и многу значајна земјоделска реформа.

Со овој нов модел кој го предлагаме, нудиме решенија за сите слабости кои ги имаше досегашниот модел за субвенционирање. Често пати при разговорите со земјоделците, тие се жалеа на бавниот начин на исплата. Исто така забелешки за моделот на субвенционирање доаѓаа и од сите граѓани кои велеа дека многу пари се даваат за субвенции, а ефектот од таа поддршка не се гледа. Како министерство заедно со Платежната агенција и стручната фела започнавме анализа на досегашниот модел, лоцирајќи ги сите слабости и барајќи соодветни решенија. Шест месеци работевме на креирање на новиот модел, а директно вклучени во целиот процес беа и самите земјоделци.

315194228_667486881411818_7230169873837765347_n

Целото интервју на Љупчо Николовски за Капитал на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e