Канабисот и неговата примена во медицијана е тема поблиска за пациентите и граѓаните отколку за лекарите, говорат искуствата од странските доктори кои за бенефициите од маслото од канабис многу научиле од своите пациенти.
Слична слика има и во земјава. По легализацијата и пуштањето во употреба интересот за маслото од канабис кај пациентите е огромен, информираат од Агенцијата за лекови и медицински средства. Освен за тешки малигни заболувања маслото од канабис може да се користи и за мултиплекс склероза, хив како и тешки епилептични синдроми, граѓаните низ апреките од пред една недела може да најдат четири типа на масла. Свои искуства во користењето препарати со канабис пред македонската лекарска фела споделија лекари од Америка.
Од Агенцијата за лекови велат дека покрај употребата на препаратите од канабис пациентите не треба да ја прекинат лекарската терапија. Велат дека немаат информација колку рецепти досега се препишале, но има интерес.
Според здружението „Зелена алтернатива“ канабисот може многу повеќе да биде искористено отколку што дозволува законот. Во аптеките маслото од канабис се најде во јуни.Неговата продажба е под строги критериуми, дозата ја определува лекар специјалист, а маслото може да се подигне само со рецепт.
Извор 24 вести