Иницијативен одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски го одржа најтажниот протест во историјата на партијата

Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ во кое нагласи дека сеуште актуелниот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ го одржа најтажниот протест во историјата на партијата.

„Вечерашниот дебакл е најдобар доказ дека Христијан Мицкоски нема никаква поддршка. Неговиот авторитет е неповратно загубен, а натамошното узурпирање на функцијата само ја носи партијата во пропаст.

Само пред неколку дена граѓанската иницијатива „Доста е“ во Тетово собра неколку илјади граѓани на протести против покачената цена на струјата, а Мицкоски со целокупната партиска структура на ВМРО-ДПМНЕ не успеа да мобилизира повеќе од 1500 луѓе.

Секој поминат ден на Мицкоски во претседателскиот кабинет изгор скапо ја чини партијата. Доколку чувствува барем малку почит кон ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски мора да се повлече, да свика вонреден конгрес и да дозволи ново и поспособно раководство да ја придобие поддршката на народот.

Со ударно барање за викенд без ДДВ, партијата нема да стигне далеку. Во минатото само од еден скопски комитет се собирале неколку пати повеќе членови“, стои во соопштението на Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e