Информација за движeње на транспортни средства преку територија на С. Македонија за време на полициски час

Имајќи ја предвид Одлуката на Влада на Република Северна Македонија за воведување на полициски час во период од 21 часот до 06, од Царинската управа информираат дека движењето на стоката продолжува непречено да се спроведува, а со тоа и присуството на Царинската управа ќе биде 24 часа на царински испостави каде е преддвидено вакво работно време, а на останатите царински испостави во рамките на работно време.

Царинските службеници ќе дадат поддршка за непречено спроведување на царинските постапки, во ново настаната состојба.

Имено, за времетрање на полицискиот час дозволено е движење на трнспортни средства во рамките на тразнитна постапка со транзитен придружен документ Т1, извоз на стоки со извозен придружен документ EXMK, како и зедничко извозно транзитна постапка. Превозниците кои се движат во рамките на поедноставена постапка во тразнит (овластен примач) и поедноставена постапка, локално царинење при увоз не смеат во никој случај да ја напуштат одобрената локација за време траење на полицискиот час. 

Ова ослободување од ограничување важи за следниве царинските испостави Табановце, Блаце, Деве Баир, Ќафасан, Делчево, Ново Село, Богородица и Меџитлија.

Во случај на контрола од страна на припадниците на МВР за правилна примена на ова ослобдување за сите нејаснотии ќе го контактира дежурниот оперативен центар на Царинска управа на 197.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e