Инекс Горица со реакција на сечата на дрва: Постапуваме согласно законите и се придружуваме до еколошките стандарди (ВИДЕО)

Од хотелот Инкес Горица излегоа со реакција по денешните видеа кои се појавија на социјалните мрежи во кои се гледа како врши сеча на дрвјата во комплексот.

Според нив, тие постапуваат по решение издадено од Сектор за урбанзам и заштита на животната средина и дека постапува согласно законите и прописите и се придружува до еколошките стандарди.

Решението за сечење на дрвата е лично потпишано од градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Неформалното еколошко движење „Чист Охрид“ објави фотографии од сечата на социјалните мрежи, што предизвика реакции и коментари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e