Имало еден македонски државјанин во барот во Швајцарија за време на трагедијата

Владината портпаролка Марија Митева, денеска на прес-конференција потврди дека имало еден македонски државјанин по кого се трага по трагедијата во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, во кој загинаа најмалку 47 лица по голем пожар кој се случил за време на новогодишната ноќ.

„Последните информации кои ги добивме се дека има еден македонски државјанин. Сме во контакт со швајцарската полиција и очекуваме повеќе детали и информации по што ќе ја информираме јавноста. Засега немаме дополнителни информации.“, рече Митева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e