Се поочигледно е дека Собранието се води кон нов инцидент. Потврда за ова е несоодветниот однос на претседателот на Собранието, Џафери кон пратениците во изминатите неколку недели, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Тој апелираше да се воведе Собранието во ред и да се почитуваат пратениците и Деловникот.
– Ако овде не може да се говори слободно, не знам каде на друго место може да се стори тоа, рече Димовски кој му порача на Џафери да си ја смири нервозата и дека неговата работа да прави баланс во Собранието и да биде еден вид на мост помеѓу партиите наместо да ја стимулира ситуацијата.