Илија Димовски ќе бара оштета поради притисокот од СЈО

Пратеникот Илија Димовски смета дека СЈО врши политичка тортура со обвиненија во кои нема никакви солидни докази па откако ќе завршат сите процедури тој планира да поведе контра тужба.

– Единствено сум виновен заради тоа што премногу зборувам во Собранието, се друго го гледам и го чувствувам како еден политички притисок врз мене, така се однесувам и така ќе продолжам да се однесувам кон тоа. Сигурен сум дека низ една нормална постапка во судовите во одреден период ќе се докаже што е вистина а што не, а потоа секако ќе си ја барам правдата во насока на барање отштета од сите политички обвинувања кон мене, рече Димовски во интервју за А1он.

Тој смета дека е обвинет за злосторничко здружување од страна на СЈО затоа што зборувал многу во собранието и најави тужба откако ќе завршат судските процеси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e