Игротеките ги отвораат вратите за дечињата, ќе работат по протоколи

По седум месеци клуч на врата поради коронавирусот, игротеките повторно ќе се наполнат со детски џагор.

Нивното отворање се очекува да биде кон крајот на идната недела, бидејќи има протоколи кои ќе мора да се запазат за посетителите да бидат заштитени од ковид-19. Покрај задолжителното носење на маски, на гостите ќе им се мери температура, ќе се дезинфицираат обувките и тие ќе мора да се држат до предвидената дистанца

-Тие протоколи дадовме ветување дека ќе ги почитуваме сите ние, покрај, дистанцата, дезинфекцијата и носењето на маската, при влегувањето во игротеката задолжително пред врата се поставува дезобариера, понатаму мерење на температура и на вработените и на гостите, односно родителите и децата,вели Трајко Николовски – Претседател на групацијата на игротеки.

Николовски вели дека од дејноста се благодарни за укажана можност да продолжат со работа, како и на субвенциите кои ги добиваат. Тој вели дека максимално ќе ги спроведат сите потребни мерки за безбедно организирање на детски забави. Тој смета дека дозволата дошла во вистински момент, бидејќи игротеките биле во постојана загуба, а на овој начин ќе можат колку толку да го одржуваат бизнисот во живот.

-Од групацијата апелираат до сите игротекити да бидат максимално одговорни бидејќи, доколку некој не се придржува до задолжителните протоколи, тоа ќе биде неуспех за сите од дејноста.

Некои од игротеките веќе имаат закажани родендени, очекуваат и пораст на резервациите. Тие по секој роденден колку и да ги има во денот се задолжени да ги дезинфицираат сите предмети во објектите и да проветруваат, за да може да се пречекаат гости за следната забава.

Протоколите ги изготви Комисијата за заразни болести, а тие содржат над триесет мерки чие почитување треба да спречи ширење на коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e