ИДНИНАТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е ВО ЕУ: Средба со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на официјалната посета на Република Словенија, денеска се сретна со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.

На средбата е заеднички констатирано дека во изминатите 31 година од воспоставувањето на дипломатските односи во 1992 година, Северна Македонија и Словенија создадоа стабилна основа за цврсто и напредно партнерство кое ќе продолжи во насока на зајакнување на соработката токму во насока на натамошно интензивирање на севкупната соработка меѓу двете држави.

03042023_pvrsm_musar_sredba_2

Поздравени се политиките на дијалог со коишто Северна Македонија успешно ги унапредува добрососедските односи, со што придонесува и во регионалниот мир и европската стабилност. При тоа е изразена силна поддршка за интензивирање на динамиката на евроинтеграцискиот процес.

„Политиката на проширување на ЕУ најдиректно придонесува за одржување на мирот и стабилноста во регионот, унапредувањето на демократијата, владеењето на правото,  заштитата на човековите права и слободи и за зајакнување на конкурентноста на економиите на државите. Во таа насока изразувам благодарност до Република Словенија што е силен и отворен поддржувач за пристапниот пат на Северна Македонија, како и на перспективите за членство во Европската Унија на целиот Западен Балкан“, рече премиерот Ковачевски.

03042023_pvrsm_musar_sredba_1

Претседателот на Владата, Ковачевски, посочи и дека нашата држава е целосно поставена на линија на надворешната политика на ЕУ и дека практикува европски вредности, со што покажа дека го заслужува своето место во Унијата.

Партнерството меѓу двете држави ќе биде потврдено и засилено и за време на претстојната посета на словенечката претседателка Пирц Мусар на Република Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e