Пратеникот и претседател на ПЦЕР Самка Ибраимовски, денес беше во Специјалното Јавно Обвинителство.
„Детали не можам да откријам, но ќе се докаже вистината за криминалните избори во Шуто Оризари и Изборната единица 2, каде носител на листа беше тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во 2011 и во 2014 година“, изјави по распитот Ибраимовски.