Кадарот на Мицкоски, Цветан Трипуновски, не престанува да ја разбранува јавноста со неговото однесување.
Ако предходно, упадна со камери во подрачната единица на МЗШВ во Берово и делеше закани кон вработените, осомничениот за криминал од 117.000 евра, Цветан Трипуновски, при вчерашната посета на општина Конче, беше во сличен “филм”.
Имено, во полемика до градоначалникот Илиев, иако е привремен дополнителен заменик во МЗШВ со мандат до 12 април, Трипуновски во арогантен стил на Илиев му порача: Јас сум за тебе министер.
Точно, дека Трипуновски сите изминати години е навикнат постојано да биде на функција и да прима висока плата од државата, дали било тоа како советник во Петровец или директор или пратеник, но сепак, далеку е од тоа да биде министер. За тоа прво треба граѓаните да одлучат на претстојните избори, дали вакви кадри сакаат да ја водат државата и нејзините институции.