Холандија донира корона-тестови за Северна Македонија

Хландија ќе и даде поддршка за Северна Македонија во борбата против коронавирусот преку набавка на тестови за коронавирус базирани на нуклеарна технологија кои се развиени од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и Светската здравствена организација. Се очекува тестовите да пристигнат во државата во наредните неколку дена.

„Клучно во глобалната битка против пандемијата ќе биде меѓународната солидарност и координација да се шири побрзо од вирусот. Холандија ќе даде поддршка за Северна Македонија преку набавка на тестови за коронавирус базирани на нуклеарна технологија кои се развиени од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и Светската здравствена организација. Се очекува тестовите да пристигнат во државата во наредните неколку дена.
Тестовите се базираат на технологијата позната како реверзно транскрипциона полимеразна верижна реакција (real time RT-PCR), во моментов најсензитивната метода за детектирање на вирусот.” – сподели министерот за надворешни работи Никоал Димитров.

Како што соопштија од Холандската амбасада, се очекува тестовите да пристигнат во државата во наредните неколку дена. Тестовите се базираат на технологијата позната како реверзно транскрипциона полимеразна верижна реакција (real time RT-PCR), во моментов најсензитивната метода за детектирање на вирусот. МААЕ има опширно искуство во пренесувањето на знаење и на материјали. Технологијата користена за овие тестови е првично воспоставена за потребите на ветеринарниот сектор заедно со Организацијата за храна и земјоделство, а потоа доразвиена и искористена во рамките на справувањето со епидемиите на ЗИКА и ебола.

-Запирањето на пандемијата на коронавирус е од општ интерес за човештвото. Треба да работиме заеднички на глобално ниво за да ја ставиме под контрола , изјави холандскиот Министер за надворешни работи Стеф Блок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e