Халкбанк ќе донира 1.000.000 садници за пошумување – Николовски со апел сите да се приклучат кон акцијата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со јавна пофалба и благодарност за општествено одговорните компании каква што е Halkbank AD Skopje.

403735350_882722913221546_4019593248250692134_n
– Имено, на денешниот состанок со генералниот директор г-дин Билал Суџубаши ги разговаравме деталите за иницијативата на Халкбанк за реализација на голема петгодишна донација од 1.000.000 садници за пошумување на нашата земја. Со нашата акција “Ајде да пошумуваме заедно” оваа година е предвидено пошумување и засадување на над 1.200.000 садници во 19 региони во државава на 36 различни локации. Започнавме во Делчево, Берово, продолжуваме Велес и Куманово, објави министерот Николовски.
-Зелената транзиција е наш приоритет. Шумите се наше најголемо богатство, нашите бели дробови. Ги повикувам сите граѓани, здруженија, компании да се вклучат во оваа масовна акција за заеднички да придонесеме за поздрава и почиста животна средина, упати апел Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e