Кабинетот на поранешниот премиер Никола Груевски потрошил вкупно 38 милиони евра за пропаганда и кампањи емитувани на електронски и печатени медиуми во Македонија.
Ова го соопшти владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Станува збор за кампањите за трето дете, против абортус, Истражи ја Македонија, денови на идеи, на дрво, на храна…, но оваа обрјока не еконечна со оглед на тоа дека во засега утврдените 38 милиони евра не се земени в предвид годините 2006, 2007 и 2016 година.
– Најмногу, 23 милиони евра, се за реклами во електронски медиуми, 15 милиони евра се потрошени за кампањи на неколку маркетинг агенции и за огласи во неколку печатени медиуми, а двесте илјади евра отишле за истражување на јавното мислење, информира Бошњаковски, напоменувајќи дека граѓаните сами ја плаќале пропагандата која се вршела врз нив.
Новата Влада повеќе нема да дозволи, ниту некогаш ќе биде најголем маркетинг огласувач во земјава, потенцираше портпаролот.