Екс премиерот и бегалец од правдата, Никола Груевски денеска преку Фејсбук демантира новинарски текст, за кој не посочува вокој медиум е излезен, за неговиот проект за меѓународната финансиска зона во Скопје.
Тој се правда дека неговата идеја за овој проект била за доброто на граѓаните, а не како што се тврди во текстот дека ќе се переле пари на „оф-шор“ компании.
Во статусот Груевски вели дека идејата за меѓународна финансиска помош од првиод ден исклучувала можност зоната да функционира на принцип на “оф-шор”.
-По тоа прашање немавме дилеми, како што немавме дилеми дека во никој случај зоната не смее да дозволи било што нелегално или компромитирачко, вклучувајќи било каква можност за перење на пари, пишува Груевски.