Обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски побара притвор за Груевски, бидејки како што кажа, само така ќе се обезбеди негово присуство. Бубевски се пожали дека на обвинетиот Груевски не можеле да му достават ниту една покана, примил само една на 06.04.2017.
-Не успеавме да најдеме доставувач кој ќе му врачи покана ниту Пошта, ниту DHL. Сите други покани ги добило неговото обезбедување, вели Бубевски.
Поради неодговарањето на повиците, Груевски е обвинет за попречување на правдата.
Груевски се терети за 3 тешки кривични дела, меѓу кои и создавач на група за злосторничко здружување. Од СЈО бараат притвор за екс-премиерот со причина дека може да влијае врз сведоци и сообвинети.