Груевски намерно не доаѓал на распит на „Талир“ за да нема обвинение

Груевски, Божиновски и Протоѓер тактички не се одзвале на поканите знаејќи дека така нема да може да се покрене обвинение за случајот „Талир“. Од СЈО им порачуваат дека истрагата продолжува и дека за нивните игри ќе се најде чаре. Но ако Груевски привремено се спасува од „Талир“, таква среќа нема неговиот братучед со „Таргет“. Мијалков оваа недела ќе биде обвинет за масовното прислушување, пишува порталот НОВА ТВ.

Оваа недела истекуваат последните пет дена за покренувањето обвиненија од страна на Специјалното јавно обвинителство. Дојче Вече од извори во одбраната тврди дека е можно да нема обвинение за случајот „Талир“ кој го опфаќа нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Извори во Специјалното јавно обвинителство за НОВАТВ тврдат дека тоа е така затоа што Никола Груевски, Кирил Божиновски и Мартин Протуѓер не се одзивале на поканите во обвинителството знаејќи дека поради тоа нема да може да се достави обвиниение доколку немало испрашување за главните осомничени.

„Истрагата ќе продолжи, на толку докази немаме намера да сопреме. Тие не доаѓаа намерно и тоа е добра тактика затоа што нивната одбрана знае дека со недоаѓање на главните осомничени не може да се покрене обвинение поради процесни процедури“, велат за НОВАТВ извори во СЈО.

Доколку беше променет Државниот јавниот обвинител навреме, тогаш за Специјалното јавно обвинителство ќе имаше веднаш отворени опции. На пример, ќе го предадевме предметот таму и обвинителот ќе можеше да одлучи да покрене обвиниение и да го назначи обвинителот од СЈО и на тој предмет, без разлика што надлежноста е на Републичкото обвинителство во таков процес. Тој мандат го има Државниот јавен обвинител. Но, Зврлевски е се уште далеку од сменет. Сепак, и кога ќе се смени, ова ќе може да се случи. Освен тоа ќе има истрага и за 2016 година за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ, година којашто што уште не сме стигнале дај ја покриеме, велат извори во СЈО додавајќи дека Груевски, Протуѓер и Божиновски немаат толку широки опции за спас.

А самиот Груевски го чекаат обвиниенја неделава ако се знае дека тој е обвинето уште во неколку случаи: „Тенк“ (набавка на „мерцедес“), „ТНТ“ (уривање на „Космос“) „Траекторија“ (изградба на автопат), „Титаник“ (изборни измами). Неговиот братучед и поранешен директор на Упрата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков е осомничен во случаите „Трезор“ (набавка на опрема за Петтата управа) „Тортура“ (апсењето на Љубе Бошкоски) „Таргет“ (незаконско следење на комуникациите) и „Тврдина“ (уништување на системите преку кои незаконски се прислушкувало).

Текстот во целост прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e