Груевски и Канческа-Милевска од притвор може да ги спаси Собранието

Доколку Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска одлучи да им одреди притвор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и на екс министерката Елизабета Канческа-Милевскатреба да побара дозвола од Собранието, бидејќи и Груевски и Канческа- Милевска се актуелни пратеници и уживаат имунитет.

Мерката притвор за нив вчера ја побара Специјалното јавно обвинителство, бидејќи Груевски е обвинет во четири случаи, а екс министерката во еден.

Пратеникот Илија Димовски, пак, нема потреба да се крие зад имунитетот, бидејќи за него СЈО не бара притвор, туку мерка на претпазливост.

Според Законот за пратениците и Деловникот на Собранието, доколку Кривичниот совет сака да им одреди притвор барањето го испраќа до претседателот на Собранието.

-Претседателот на Собранието, барањето за одобрување на притвор, односно известувањето дека пратеникот е притворен веднаш го доставува до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Комисијата е должна да го разгледа барањето, односно известувањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Собранието, се наведува во член 53 од Деловникот на Собранието.

Врз основа на извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања, Собранието најдоца во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот, одлучува по барањето.

На имунитетот може да се повика самиот пратеник, но и Собранието во негово име.

Освен за Груевски и Канческа-Милевска, Специјалното јавно обвинителство притвор побара и за Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Кирил Божиновски, Тони Трајковски и уште неколку поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Од Кривичниот суд информираат дека се уште не се донесени одлуките за притворот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e