Пак од далеку, надвор од Собранието, бидејќи со денови не доаѓа на работа, пратеникот и лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја гледа битката на неговите 50 пратеници-сопартијци како го блокираат Собранието. Пред 27 април блокадата беше за избор на претседател на Собранието од редовите на новото парламентарно мнозинство на чело со СДСМ, а сега е за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.
На 27 април Груевски, како што во интервју кажа и самиот, ситуацијата ја следел и се јавувал од Виена па бил во контакт и со ексдиректорот на БЈБ Митко Чавков, а сега блокадата на Собранието од 50-те пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја следи од Македонија, бидејќи пасошот му е одземен од судот како замена за мерка притвор во случајот „Титаник“ на СЈО каде тој е обвинет.
На местото каде што треба да седи Груевски во Собранието има куп хартија висок скоро пола метар, материјали насобрани оти тој не дошол да ги земе. Тој исто така е член и на собраниската комисија за уставни прашања. Груевски е во најголемата од 10-те пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, чиј координатор е Илија Димовски.
САКАМДАКАЖАМ.МК дознава од пратеничките редови на ВМРО-ДПМНЕ дека имало негодување по 27 април од Илија Димовски, Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, дека само ним им била дадена опасната задача да даваат одвнатре информации за погоден момент за упад во Собранието на 27 април. На Крсто Мукоски и Сашо Василевски кои ги отвориле добро обезбедените, тешки собраниски врати за да влезат насилниците и кои се под истрага на обвинителството, им се заканува кривична одговорност.
Целиот текст на порталот СДК.МК прочитајте го тука