Пратеникот и лидер на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски од денеска освем што е пратеник е и член на комисијата за уставни прашања во рамките на собранието на Република Македонија.
Тој по прв пат после толку години е член на некоја од многуте комисии во собранието.
На веб страната на собранието од Груевски нема никаква биографија туку само е поставена една постара слика.
Задачи кои ќе има има комисијата а со тоа и обврска на Груевски се разгледувања на прашања во врска со:
- спроведување на Уставот;
- предлози за изменување и дополнување на Уставот;
- начелни прашања од уставен карактер во врска со донесувањето и извршувањето на законите и другите прописи и акти,
- воспоставување меѓународна соработка за прашања кои се од уставен карактер и
- други прашања од уставен карактер