Груби: Прва дивоградба за рушење треба да е терасата на ВМРО-ДПМНЕ

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби во гостувањето на вестите на телевизија Сител изјави дека уривањето на дивоградбата пред Мавровка било предизборно барање на ДУИ.

Прашан дали ќе има постапка и за платформите на Матка и во Охрид за дивоградбите на членот на ДУИ Нефи Усеини, Груби изјави дека според тоа прва дивоградба за рушење би била терасата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и дека би требало да се тргне по тој редослед.

„Апсолутно секако, мора да се почитува законот и ќе видите апсолутен фокус на неселективна правда, ако има незаконско изградено седиште на партија, ако има дивоградба во Тетово, Гостивар, Струга ќе има постапка. Но, многу е важно да не постапува партијата туку тоа да го прават институциите. Си има суд, Обвинителство, Градежен инспекторат“, смета Груби.

Тој исто така изјави дека денес бил присутен и извршил инспекција на уривањето на дивоградбата кај „Мавровка“, при што разговарал и со работниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e