Грција со честитки до С. Македонија: Заедно ќе работиме за нашата европска иднина

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милитиадис Варвициотис по првата Меѓувладина конференција на ЕУ со Северна Македонија и Албанија упати честитки до нашата земја по повод отворањето на преговорите со ЕУ.

Тој потенцира дека за нив е важно „на север да имаат соседи Европејци и уште еднаш ја изрази грчката поддршка за интегративниот процес, но и важноста преговорите брзо да напредуваат“.

-Честитки до Албанија и Северна Македонија за започнувањето на пристапните преговори во ЕУ. Денеска во Брисел се одржа 1-та Меѓувладина конференција на двете земји со ЕУ и им ја изразив на премиерот на Албанија г-дин Еди Рама и премиерот на Северна Македонија г-дин Димитар Ковачевски поддршката на Грција во процесот на пристапување. Заедно ќе работиме за нашата заедничка европска иднина, објави грчкиот министер.

Посочи дека за нив е „многу важно овие пристапни преговори брзо да напредуваат, кои ќе дадат суштина и комплетирање на клучните национални барања, односно верно спроведување на Договорот од Преспа, но и правата на грчкото малцинство во Албанија, како националните, така и имотните“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e