Грацијано за МИА: Северна Македонија направи се што од неа се побара за ЕУ

Претседавачот на Воениот комитет на Европската Унија, генерал Клаудио Грацијано на став дека Северна Македонија сторила се што од неа е побарано за да добие зелено светло за отпочнување на преговорите со Унијата. Тој се согласува со лидерите на ЕУ, кои рекоа дека Северна Македонија направила се што било побарано од неа, но вели дека сепак одлуката ќе биде на земјите-членки, што за него како воено лице е од големо значење бидејќи земјата е дел од Европа и сторила многу.

Грацијано во интервјуто за МИА вели дека како командант на воени сили со долгогодишно искуство на терен мошне го цени капацитетот на силите на Северна Македонија. Одблиску ги видел потенцијалите на македонските војници – соработувал со нив во мисијата ИСАФ во Авганистан и во УНИФИЛ во Либија. Смета дека реформите во Армијата се успешни и се залага за нејзин поголем ангажман во мировните мисии, предводени од ЕУ.

Факт е вели, Грацијано во интервјуто за МИА дека земјата влегува во НАТО и во ЕУ и тоа е многу позитивно, но со тоа се менува баланост и се отвораат можностите за кибер напади. Во врска со тоа дали земјата треба да очекува зголемување на кибер напади, зголемена пропаганда или фејкс њуз пред полноправното членство во Алијансата, не дава конкретен одговор, вели тој не е разузнавач, но нагласува дека кога една земја станува дел од НАТО, добива повеќе внмание, а со тоа и можност за дополнителни кибер напади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e