Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска, токму на Свети Трифун, празникот на лозарите е во село Марена каде закројуваше лозје.
– „Господе, ти давам едно шише со вино, за илјада да ни подариш“. Нека е за многу години денешниот голем празник Свети Трифун, порача оттаму Николовски.
– Изминативе две години доделивме 145 договори за грант до 10.000 евра за мали семејни винарии. Денеска, благодарение на добрите политики, ние имаме рекордна бројка од 173 мали семејни винарии или вкупно 255 регистрирани винарски визби. Или само за една година, во 2023, регистрирани нова 91 мала винарија. За разлика од 2019, каде сме имале вкупно 71 регистрирана винарска визба, порача Николовски.
– Велат, во виното е вистината.



Епа токму ова е нашата винска вистина со јасни бројки и факти. Овие бројки говорат дека сме достигнале експанзија од успеси.
Од овде, од село Марена Ви честитам. Заедно да се радуваме на уште поголеми признанија, успеси и достигнувања, дециден е министерот.

