Горивата поевтинуваат од полноќ

Поевтинуваат сите видови на горива вечерва од полноќ, соопшти Регултаротната комисија за енергетика која ги објави новите цени.

ЕУРОСУПЕР 95 од вечерва ќе изнесува 74 денари, и ќе се продава поевтино за 1,5 денари. За 1,5 денари поевтинува и ЕУРОСУПЕР 98+ кој од утре ќе се продава по цена од 76 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1 денар, и од утре ќе чини 68,5 денари.

Се намалува и цената на екстралесното масло за домаќинство за 1,5 денари, односно од утре ќе се продава по цена од 68 денари. Поевтинува и цената на мазутот, од 37,6, сега ќе се продава з 36,7 денари по килограм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e