Горештините се враќаат – Од денеска повторно многу топло време

Сончево и многу топло време нè очекува ширум земјата. Според најавите, максималната дневна температура денеска ќе достигне до 36 степени Целзиусови, додека во Скопје се очекуваат до 35 степени.

Попладне, особено во источните делови, постои можност за изолирана нестабилност, со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието ќе биде поизразен.

Во наредните денови следува период на стабилно и сè потопло време, со натамошен пораст на дневните температури. Надлежните апелираат на внимателно движење на отворено во најтоплиот дел од денот и зголемено внесување течности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e