Горан Трајковски, директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци си поднесе оставка. Ваквиот чекор Трајковски го образложил со лични причини, а оставката во петокот била доставена во Собранието.
Трајковски во времето на владеењето на Никола Груевски беше и директор на Управата за јавни приходи, а во Дирекцијата за заштита на личните податоци е од 2016 година.