Големата сума го откажа пензионерот Дамјановски да ја купи 1ТВ

Пензионерот Богдан Дамјановски се повлече од одлуката за купување на телевизијата на Бојан Јовановски (Боки 13).

Тој во изјава за медиумите истакнал дека инвеститорот кој сакал да ја купи оваа телевизија се предомислил откако воочил за енормните долгови од затаените даноци на „1 ТВ“

Посочил дека првичната сума на договорот била помала, но поради блокираната сметка во УЈП цената се зголемила на 400.000 евра.

Сепак се уште не се открива кој и зошто посакал да ја купи оваа телевизија.

Имено, телевизијата последните неколку недели, по барање од потенцијалниот купувач, повторно зрачи во етерот, но нема програма во живо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e