Го промовираме нашето македонско вино пред Европа и светот. На саемот за вино Винитали 16 македонски винари со 70 различни етикети ќе имаат можност да се претстават и да ја покажат важноста на македонската традиција.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски нагласи дека Македонија е прва земја во регионот, а 29 во светот по извозот на вино.
-Трета година по ред бележиме зголемување кај извозот на флашираното вино. Токму затоа е важна саемската промоција. Од 2017 година до денес за поддршка на винариите за учество на меѓународни саеми, како министерство сме издвоиле повеќе од 1 милион евра, со цел да бидеме како земја уште подобро запознаени и високо позиционирани на светската винска карта, потенцира Николовски.
