Главчев: Исказите во СЈО ги доживеав како изживување

Бизнисменот Томе Главчев при денешното сведочење за предметот „Рекет“ изјави дека исказите во Специјалното јавно обвинителство ги доживеал како „изживување врз него“.

– За разлика од разговорите со вас обвинителке, тоа во СЈО наликуваше на големи трауми и иживување, рече Главчев.

Тој истакна и дека кога бил приведен од полицијата, тие дошле кај него рано наутро со наредба од СЈО за претрес и „му се штале со шмајзери“.

Главчев беше видно вознемирен при сведочењето, а доби и вода од судот.

Бизнисменот, кој е сопственик на конфекцијата „Ноел“, објасни дека можел годишно да одвои од 40 до 50.000 евра за реклама во повеќе медиуми.

– Водевме коректни разговори со Боки се до мојот обид за приведување и цената за реклама рипна. Требаше да платам 100 илјади евра. Ги прифатив условите на договорот, кои беа коректни, рече Главчев.

Бизнисменот истакна и дека Боки 13 го информирал дека треба да биде спокоен во врска со случајот на СЈО.

Следно рочиште е закажано за 27 декември, петок во 12 часот.

И.Р.

Фото: Борче Поповски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e