„Гласен текстилец.мк“ – сајт за пријавување на прекршоци на работното место кај текстилните работници

После 2 месеци напорна работа, млади програмери , помогната од правници , поради потресните сведоштва на работничките од текстилната индустрија, изработија нов производ.

Основан е сајт за пријава на прекршоци на работното место за текстилните работници – „Гласен текстилец.мк“.  Ова денес на Фејсбук го изјави еден од основачите на сајтот, Горјан Јовановски.

Сајтот нуди: можност за анонимно пријавување на прекршување на правата на работниците, кое се складира и во нашата база, и се препраќа до надлежните институции, можност за статистички преглед на поднесени пријави и инфогафици и контакт информации од сите надлежни инспекторати

Со сајтот се надеваат  дека ќе го олесниме процесот на поднесување пријави, ќе ги мотивираме работниците да го направат тоа, и ќе ја подигнеме свеста за колкав навистина број на пријави се случува.

Секој работник има загарантирани законски права, кои МОРА да се почитуваат!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e