Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев посветено работат на реализација на мерки и политики во интерес на граѓаните.Со пренамена на 35 милиони евра од ТАВ, ќе се финансираат 99 важни проекти во 75 општини. – порача денеска на прес-конференција Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.
Проекти за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, водоснабдителна мрежа, канализациони мрежи, за реконструкција изградба на градинки и училишта и спортски објекти, реконструкција и изградба на здравствени установи се дел од проектите кои ќе се финансираат со овие средства.
Со оваа сериозна инвестиција, го унапредуваме квалитетот на живот во општините и го поттикнуваме локалниот економски раст. – рече Георгиевска.
Инвестиции во проекти важни за граѓаните, инвестиции во рамномерен регионален развој, се приоритетите од кои се води Владата предводена од СДСМ.
Како одговорна партија продолжуваме посветено да работиме за нашите граѓани, за нашата држава.-заклучи таа.