Георгиески: Уривањето на дивоградбите не е прекинато

Уривањето на дивоградбите не е прекинато ниту запрено, активностите не се само машини на терен, туку се спроведуваат правни постапки потребни за реализација на активностите.

Ова денеска го изјави градоначалникот на Охрид Константин Георгиески во врска со забелешките за бавно спроведување на активностите за отстранување на дивоградбите во градот и на крајбрежјето.

– Постапката не е прекината, не е закочена, тоа што треба да се урива ќе се урива. Имаме свој план, кога ќе дојде време ќе се постапува. Како што ви кажав, уривањето на дивоградбите не е само машините на терен, ние тераме правни постапки, а градежната механизација за остранување е крајот на сета таа акција, рече Георгиески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e