Генерален штајк во М-НАВ – македонското небо ќе се “затвори“ на 20 ти октомври, директорот молчи

Ден по првиот круг од локалните избори на 20ти октомври во периодот од 10 до 15 часот, македонскиот воздушен простор ќе се затвори за авионски сообраќај. Синдикатот објави генерален штрајк на контролорите на летање.

Одлуката според Струковиот Синдикат на контролори на летање е поради неисполнетите барања и дадени ветувања кои останале само на хартија. Од Синдикатот велат дека системот е нефункционален поради недостиг на кадар.

Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на контролори на летање

– Токму поради тоа што не се случува ништо ние решивме да го реактивираме штрајкот, сите оние претходни разговори и дискусии и преговарање дека одредени наши барање беа спогодбено договорени и беа предуслов за ставање на тогашниот штрајк во мирување.Тогаш требаше да почнат да ги реализираат но за жал поминаа три месеци и ниту нешто е почнато ниту завршно и не гледаме причина дека треба да им оставиме време.

Телевизија 24 испрати прашања до министерството за транспорт и врски како една од институциите надлежни за авио-секторот. Оттаму добивме одговор дека не биле надлежни бидејќи М-НАВ е самостојна институција со сопствен буџет која има автономија во одлучувањето.

Министерство за транспорт и врски

– М-НАВ е самостојна институција со сопствен буџет независен од Министерството за транспорт. Ве упатуваме да се обратите до менаџментот на М-НАВ. се вели во краткиот одговор од министерството.

Телевизија 24 го контактираше директорот на М НАВ, Владимир Ристески. Побаравме став за најавениот штрај, но тој до објавување на овј прилог, не возврати на на нашите повици. Првичниот штрајк на контролорите на летање беше закажан за 10 јули но тој беше одложен поради извесни придвижувања во исполнување на барањата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e