„Внимателно ги следиме протестите на граѓаните кои го искажуваат нивното незадоволство од работата на извршителите и искрено не загрижува односот на надлежните институции, особено на Министерството за правда и министерката Рената Дескоска, бидејќи тие немаат слух за својот
обесправен и опљачкан народ и на секој можен начин гледаат да ја избегнат одговорноста или да ја префрлат на некоја друга институција или
државен орган“, вели денеска Дарко Попоски од ГДУ.
Тој ги извести и сите заинтересирани и оштетени граѓани дека Граѓанско Демократската Унија со нејзиниот правен тим ќе овозможи бесплатна правна помош за сите граѓани кои имаат проблеми со незаконити постапки од страна на извршителите на целата територија на Република Македонија.