Собранискиот спикер Африм Гаши во петок или сабота претпладне ќе ги распише локалните избори планирани за наесен. Гласањето за општинските совети и првиот круг за избор на градоначалници ќе се одржи на 19-ти октомври, додека пак, вториот круг за првите луѓе на општините ќе се одржи на 2 ноември.
– Изборите ќе бидат распишани на 8 или 9 август. Очекувам фер и демократски избори, достоинствена кампања, политичка култура, натпревар со идеи и визија, и посветеност кон граѓаните, потврди Гаши за Сител.
Партиите, кандидатите за градоначаланици и советници, треба да ги пријават во Општинските изборни комисии најдоцна 35 дена пред изборите.