Фрчковски: Единствен начин да се одложат изборите е повторно да се свика Собранието

Единствен начин да се одложат изборите е повторно да се свика Собранието, вели во емисијата Отворено на ТВ24 професорот Љубомир Фрчковски кој се вклучи во емисијата преку видео врска.

Фрчковски вели дека Собранието е со мандат се додека не се избере нов состав и тоа дотогаш може без долеми да заседава кога тоа е потребно.

Според Фрчковски, Собранието треба да се состане за две работи, да ги одложи изборите и да прогласи вонредна состојба со што Владата би добила зголемени ингеренции во врски со одлуките со кои би се помогнало да се справиме со Коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e