Свечен пречек на македонската делегација беше организиран и утрово пред Советот на министри на БиХ.
Во делегацијата учествуваат премиерот Зоран Заев, Министрите Спасовски, Николовски, Бектеши, Алаѓозовски и Адеми.
Црвен тепих и интонирање на македонската химна во Сараево.
По свечениот пречек, започна официјалната средба на македонската делегација, предводена од премиерот Зоран Заев, со претседавачот со Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ и министри од Советот.
Се очекува потпишување на Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, како и потпишување на културна соработка.
Македонската делегација, исто така, ќе се сретне со претседателот и членовите на претседателството на БиХ, и членовите на Колегиумот на Претставничкиот дом.