(ФОТО+ВИДЕО) Пронајдени 120 килограми марихуана, 100 грама хероин и 100 грама кокаин во Арачиново

Во текот на вчерашниот ден (08.01.2018) полициски службеници на СВР Скопје во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР, при претрес на два објекти во скопско Арачиново, а врз основа на претходно издадена судска наредба открија и запленија: 120 килограми опојна дрога марихуана, 100 грама  хероин, како и 100 грама – кокаин.


Имено по добиени оперативни сознанија за извршено кривично дело по чл.215 од КЗ на РМ (“неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“) беше издадена судска наредба за претрес во дом и други простории на лицата Р.Б. (32) и Е.Б. (56) од Арачиново. Притоа, покрај посочените количини на дроги – марихуана, хероин и кокаин, спакувани во јутани вреќи, најлонски кеси како и во поголем број помали политеиленски паковки, беа откриени и дигитални ваги, ролни прозирна леплива фолија и други предмети поврзани со кривичното дело. МВР во содејство со надлежен Јавен обвинител работи на целосно документирање на случајот.

IMG_2610

IMG_2597

IMG_2591

IMG_2589

IMG_2588

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e