(ФОТО+ВИДЕО) Каевски: Мицкоски како директор на ЕЛЕМ купувал струја по 4 пати повисока цена, во време без криза

Денеска, со документи, ќе покажаме зошто Христијан Мицкоски е најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ и советник на Груевски за енергетика во време кога немаше енергетска криза, изјави на денешната прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

„Во време на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски цената на струјата е зголемена за 100%, а Мицкоски набавувал струја 3-4 пати повисока од пазарната, од цената на светските берзи.

Овој документ (1) покажува дека во јануари 2017 година Мицкоски потрошил речиси 6 милиони евра за да купи 66.690 мегаватчаса електрична енергија, чија цена во одредени моменти ја платил и по 221 евро за мегаватчас.
KaevskiВо време кога немало никаква енергетска криза, ниту пак високи цени, и кога струјата вообичаено можела да се набави по околу 50 или 60 евра.

Иако производната цена на ЕСМ во тој период била 45 евра за мегаватчас Мицкоски купувал и по и и по 220 евра.

Тоа е разлика од околу 3 милиони евра, директно врз грбот на граѓаните.

Да ја произведел таа енергија од домашно производство, наместо да ја купи, немало да ја оштети граѓаните и да морале да платат речиси три милиони евра повеќе“, истакна Каевски.
„Еве ја вистината, Мицкоски се правдал дека струјата морал да ја купи затоа што му паднале блоковите во РЕК Битола. Тоа е во овој документ
Kaevski1Па како му паднале блоковите во РЕК? Нели работел како што треба, нели ги одржувал?

Објаснува дека имало ниски температури во Битола во јануери. Замислете.

Вистината е дека ниту ги одржувал, ниту се грижел за РЕК а најмалку работел како што треба.

Тоа истиот Мицкоски што пишува статуси на социјалните мрежи за струјата, зборува за цени и меша баби и жаби во време на најголема економска и енергетска криза.

Денеска домашното производство на струја е највисоко ниво, државата субвенционира 80% од цената за домаќинствата и се преземаат мерки за заштита на стандардот на граѓаните, во услови на најголема економска и енергетска криза.

Мицкоски е најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ кој нема никаков кредибилитет да зборува за енергетика“, посочи Каевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e