(Фото) За живот во мувла и влага плаќаат студентите во Стив Наумов

Центарот за комуникации на СДСМ излезе со соопштение за јавност во врска со условите за живот во студентските домови.

Еве во вакви услови живеат и учат студентите во студентскиот дом Стив Наумов:

Влага, мувла, руинирани соби и тоалети.

Ова е “посветеноста” на ВМРО-ДПМНЕ и на Министерството за образование и наука кон младите луѓе во Македонија!

Во овие ли тоалети Груевски и неговите соработници ќе поставуваат машини за перење и сушење?

Не се перат со ништо 10-годишните стиропор политики преку коишто власта на Груевски краде и се богати, ниту се пере фактот дека оваа неодговорна власт ги стави студентите во мизерни услови, со огромни трошоци.

Трошоците за живот на еден студент се поголеми од една плата и тој факт го потврдија и партнерите Лутфиу и Ристовски на чело на Министерството за образование.

Минималната месечна плата изнесува 10.080 денари додека месечните трошоци за студент сместен во дом се најмалку 10.277 денари. Трошоците на студент кој не е примен во студентски дом се над 20.000 денари.

Нашите политики гарантираат студентски стандард и достоинство. Студентите заслужуваат реконструирани студентски домови и еднакви шанси за вработување. Од ова нема отстапки!

stiv-6 stiv-5 stiv-4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e