(ФОТО) Трибина со Стево во Кр.Паланка: Салата беше премала да ги прими сите граѓани, многу останаа надвор. СДСМ вети нов голем митинг во втор круг

Граѓаните на Крива Паланка ја покажаа својата силна поддршка за кандидатурата на Пендаровски со масовно присуство на вчерашната заедничка средба и трибина со Стево.

1161-fsdf (2)

Салата беше премала за да можат да влезат сите граѓани, и Пендаровски ги повика сите надвор на отворено, од каде, се заблагодари за поддршката и порача дека го мотивира тоа што граѓаните ги гледа сплотени и решителни да се изборат за напредокот на државата.

gg (2)

По тој повод, преку Фејсбук се обрати и шефот на Изборниот штаб на Пендаровски, Александар Кирацовски кој вети дека во Крива Паланка ќе има уште еден голем митинг.

-Поради временските услови, отворената трибина со кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски, наместо на градскиот плоштад во Крива Паланка се одржа во Центарот за култура. Граѓаните на Крива Паланка покажаа голем интерес да присуствуваат на отворената трибина, но само еден дел од нив успеаја да присуствуваат во Центарот за култура. Ви се заблагодаруваме за покажаниот интерес и ви ветуваме дека Стево Пендаровски, нашиот иден претседател, заедно со премиерот Зоран Заев, ќе одржат голем, огромен митинг за сите граѓани на Крива Паланка уште на почетокот на вториот круг, напиша Кирацовски.

kiracovski_status_kr.palanka

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e