Автобус од Македонија и камион се судриле во близна на одмаралиштето Бабина Греда на автопатот А3 вчера, потврди полицијата на Вуковар. Меѓу седумте повредени имало и десетгодишно дете.
Информациите на Галама велат дека станува збор за автобус на македонска компанија со седиште во Кочани. Најверојатно автобусот сообраќал на релација Македонија-Италија.
– Камионот излегуваше од одмаралиштето и сакаше да се вклучи во сообраќајот на автопатот во правец на Липовац. Тогаш на него налета автобусот. Седум лица се повредени и пренесени во болницата во Винковци, еден човек е тешко повреден, но не е во животна опасност, ја скршил ногата. Десетгодишно дете е исто така меѓу повредените. – изјави Драгослав Ивковиќ, портпарол на полицијата..
– Предниот дел на автобусот и задниот дел на камионот се уништени, но возачите поминаа без повреди. – вели очевидец, и додава дека автобусот бил со македонска регистрација.
„Десет од патниците продолжија кон Македонија кога дојде друг автобус по нив“, додаде тој.
Извор: Галама