Големиот историски успех и остварувањето на нашата стратешка цел, членството во НАТО е овековечено и на поштенска марка што овие денови ја објави АД „Пошта на Северна Македонија“, соопшти премиерот Оливер Спасовски.
„Поштенските марки се многу повеќе од парче хартија. Тие се симбол на државата која ги издава, силно средство за комуникација и траен запис за еден значаен момент од историјата на државата.
Во оваа поштенска марка е збрана колективната меморија на граѓаните на Република Северна Македонија кои еднодушно се обединија и ја остварија поставената цел уште од првите денови на независноста да бидеме дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз во светот“, истакна Спасовски.