На огласната табла, пред главниот влез во Општинското Основно Училиште “Јоаким Крчовски” во Крива Паланка, осамна партиско известување од ВМРО-ДПМНЕ преку кое се информирааат пензионерите за утрешна средба со нивниот кандидат за пратеник и носителот на листата во Изборната единица 3, Илија Димовски.
До каде е забегана работата кај владејачката партија, покажува токму овој случај. Со ова се покажува дека нема држава туку кога се работи за ВМРО-ДПМНЕ и институциите кои се под нивна контрола, тогаш се е партија.
Преседан од највисоки размери е да во образовна институција во која учат деца се поставуваат партиски соопштенија и се врши агитација.
Исто вакво партиско соопштение е поставено и на влезната врата во Здравствениот дом во Крива Паланка.