(Фото) СДСМ меѓу граѓаните: Максим Димитриевски на средби со кривопаланчани

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и претседател на партиската Комисија за одбрана, Максим Димитриевски денес беше во посета на Крива Паланка.

Димитриевски, покрај одржаната прес конференција и состанокот со партиските активисти, оствари и непосредни средби со граѓаните на оваа општина.

Се запознаваше со проблемите на секој поединечно но и ги презентираше можните решенија кои СДСМ ги нуди како дел од новата партиска програма.

Граѓаните се во исчекување на смена на власта во декември и нормализирање на државата која изминативе 10-тина години е окупирана од една група на криминалци за кои од бомбите на Заев слушнавме како ги фалсификувале изборите, краделе гласови, местеле тендери, договарале провизии, криеле убиства и се богателе на криминален начин.

Кривопаланчани се жалат и на перманентниот притисок кој им се врши од страна на владејачката партија пред и за денот на гласање како и за изрекувањето на драконските казни на фирмите и физичките лица, сиромаштијата во која живеат, партизираноста на институциите а најголема рак рана за оваа општина е иселувањето на младите кои не ја гледаат овде својата иднина и заминуваат надвор од државата.

 

1

2

3

4

5

 

8

6

7

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e