(ФОТО ПРИКАЗ) Сите информации за мерката 14.500 ден финансиска поддршка по вработен месечно

Главната мерка од економскиот пакет e директната помош од 14.500 денари месечно за секој вработен, за месеците април и мај, од сите фирми погодени од кризата.
Со оваа мерка работодавачите можат да:
➡️ да ги надоместат сите или поголем дел од трошоците за плата за вработените
➡️ да ја зачуваат постојната плата на вработените кои се на работа
➡️ да ја надоместат цела или најголем дел од платата за работниците кои се дома

Работниците со оваа мерка добиваат извесност дека ќе го задржат работното место и по завршувањето на кризата.

2

 Оваа мерка можат да ја искористат СИТЕ компании кои ги исполнуваат следните услови:

1. Намалени приходи од над 30% во април и мај споредбено со просекот од месеците во 2019та година.

2. Да не се исплаќа дивиденда или бонуси за време на користење на мерката.

3. Да нема над 120.000 денари нето плата на над 10% од вработените.

3

За кои вработени може да се искористи оваа мерка?

1. Мерката е достапна за сите вработени кои имаат нето плата до 39.900 денари.

2. За сите управители и сопственици со нето плата до 39.900 денари.

3. Мерката е достапна и за вработените кои веќе ја користат мерката за субвенционирање на придонесите за покачување на платите.

4

Како да аплицирам за мерката?

– Поднесете барање до УЈП до 5ти во месецот преку системот Е-ДАНОЦИ.
– Во МПИН образец-от во полето 3.23 внесете шифра 619. Во случај да користите и мерка за покачување на платите, внесете ја шифрата 621.

Средствата ќе ги добиете најдоцна до 13ти во месецот.

5

Средствата се враќаат САМО ДОКОЛКУ остварите добивка во 2020 година.

6

ВАЖНО: Ако остварите добивка во 2020, враќањето е максимум до 50% од тоа што сте го добиле како финансиска поддршка.
ВАЖНО! За користење на оваа мерка, работодавачот треба да го задржи истиот број на вработени заклучно со јули 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e